„Спиев со повеќе од 8000 жени“: Го нарекуваат Кристијано Роналдо во сексот
Порноглумецот Кен Шимизу, познат и како Шимикен, го привлече вниманието на јавноста кога на својот профил на Твитер напиша дека има повеќе живи бенгалски тигри во светот отколку порноглумци во Јапонија.
Сега веќе 40-годишниот порно актер е именуван како Кристијано Роналдо заради неговите способности во сексот, или Порналдо - вели дека спиел со повеќе од 8000 жени.
Сепак, тој се пожали дека едноставно нема доволно порно во Јапонија.
„Ние сме загрозен вид. Има околу 70 мажи а повеќе од 10 000 женски актерки во бизнисот“, рече тој во интервју за АФП, додавајќи дека 4000 нови порно филмови се прават во Јапонија секој месец.
Тој исто така вели дека не секој може да ја заврши работата затоа што бара физичка подготвеност. Исто така, постојат некои услови што мора да се исполнат, како што се должината на пенисот, издржливоста. Шимизу откри и дека отсекогаш сакал секс и дека правењето порно за него е работа од соништата.
„Знаев дека имам фетиши и знаев дека има само едно место каде можам да уживам во нив. Без оптоварување, без пресуда, плус заработка на пари“, додаде тој.
Тој има направено 7500 филмови и само одбил една сцена во текот на неговата кариера. Тој не сакаше да има секс со актерката откако таа снимаше секс сцена со куче.