Три начини како Никола Тесла го „тренирал“ својот мозок
Тесла бил еден од најголемите генијалци, а што придонело за тоа?
Постојат ли трикови кои овој иноватор ги применувал и можеме ли и ние да
ги применуваме за да бидеме поуспешни?
Тој е познат затоа што го измислил електричниот состав на наизменична
струја, а неговото име стои на 300 изуми.
Тесла цел живот работел на проекти и ги реализирал до крај.
Страницата lifehacker.com направи листа на навики со кои Тесла станал
неприкосновен иноватор.
*Тој спиел само по 2 часа.
*Тесла ги визуелизирал работите пред да ги осмисли и да ги конструира.
За креативно размислување потребно е да се опуштите и да поработите на
проблемот во својата глава.
*Тесла самиот објаснувал дека не брза кога работи.
Ако шетате тоа ќе влијае на вашата креативност.
Во 1881 година тој се
преселил во Будимпешта по една животна промена и додека шетал во парк и
рецитирал поезија, му текнало за струјата.
Како и многу други иноватори, и Тесла вели дека треба да се осамите кога
сакате да творите.