10 години му стигнуваат пици кои не ги нарачал: „Се тресам секогаш кога ќе слушам скутер на улица“

65- годишен маж од Белгија се соочил со необичен проблем. Имено, Jean Van Landeghem примал испораки на пици што не ги нарачал скоро 10 години, понекогаш и повеќе од една за еден ден.

„Се започна пред девет години. Одеднаш, доставувач на пици ми донесе неколку, но јас не нарачав ништо “, изјави тој за Het Laatste Nieuws.

"Не можам да спијам повеќе. Почнувам да се тресам секогаш кога ќе слушам скутер на улица. Се плашам дека некој ќе дојде повторно и ќе ми донесе топла пица", рече тој.

Нарачките за пица, ќебапи и други видови брза храна пристигнувале постојано на неговата адреса.

Еднаш доставата пристигнала во два часот наутро. Во 2019 година му се случило пред неговиот праг да се појават десет мажи за испорака на пици, од кои едниот имал 14 пици во раката.

Ван Ландегем вели дека сака пици, но не 14 одеднаш. 

„Никогаш не сум побарал испорака на домашна адреса“, рече тој, а рестораните исто така се соочуваат со проблеми затоа што Ландегем не сака да плати за нешто што не го нарачал..

Само минатата година, тој врати назад пици во вредност од 450 евра.

Тој, исто така, го пријавил неговиот проблем во полиција, но тие не пронајдоа таен нарачател на пица. Ван Ландегам исто така самостојно истражува за да открие кој стои зад ова.

„Кога ќе дознаам кој стои зад ова, тој нема да заврши добро“, рече белгиецот.