10 интересни факти за Александар Македонски кои можеби не сте ги знаеле

Александар Македонски, или Александар Велики, како што го нарекувале неговите војници, секогаш е инспиративен за истражување.

Војсководачот кој одбележа период од историјата е роден во 356 година п.н.е. Различни извори даваат различни датуми, но најчесто се споменуваат 20, 21 или 22 јули, како датуми кога дошол на светот .

Инспиративни и за историските истражувања и за народните приказни, секогаш може да се прочитаат бројни интересни факти за Александар Македонски, неговиот живот и начинот на кој ги инспирирал луѓето од своето време, но и од подоцнежните времиња.

Издвоивме некои кои можеби не сте ги знаеле досега:

1. Александар Македонски успеал да освои голем дел од тогаш познатиот свет, а истовремено бил и крал на Македонија, фараон на Египет, крал на Персија и крал на Азија.

2. Гај Јулиј Цезар, Марко Антониј и Октавијан Август, секој на своја возраст, отишле на аџилак во местото во Александрија, кое тогаш го сметале за негово гробно место.

Иако има импозантен саркофаг, кој многу луѓе доаѓаат да го посетат, вистинското место каде што е погребан воениот водач сè уште е предмет на спор меѓу историчарите и археолозите.

3. Се смета за основач на најмалку 70 градови, од кои 20 биле именувани по него, а еден дури и по неговиот коњ Букефал.

Александрија Букефалска или Букефалус е основана во мај 326 п.н.е., на местото на познатата битка кај Хидасп, не долго по смртта на Букефал. Се верува дека неговата локација била недалеку од градот Џелум во сегашен Пакистан.

4. Редовно ја миеше косата во раствор направен од растението шафран, за да го задржи сјајот и бојата на сонцето што го имаше.

5. Не бил ни приближно толку обожаван од луѓето за време на неговото владеење како по неговата смрт. Многумина дури го сметаа за тиранин, кој притоа бил пијаница.

6. По победата над Дариевата Персија, тој почнал да се облекува како Персијанец, а историјата вели дека земал и две Персијки за жени.

7. Научниците кои го истражувале неговиот живот откриле и дека има хетерохромија, што значи дека едното око му било кафено, а другото сино.

8. Прекарот „Велики“ го добил од своите војници – кои за разлика од народот му се восхитувале и го сметале за неспоредлив командант и водач.

9. Во една прилика Александар наредил натпревар во пиење меѓу своите војници. Оваа ситуација може да се опише со една народна поговорка: „Кој ќе преживее, ќе прераскажува“, имајќи предвид дека 42 војници загинаа од труење со алкохол.

10. Од шесте синови на Фидел Кастро, три биле именувани по Александар Велики: Алексис, Алехандро и Александар.

(10naj.com/National Geographic Србија)