1.500 луѓе, 2 лифта и 500 тони багаж - еве како изгледа кога САУДИСКИОТ КРАЛ оди на пат!

фото:Youtube Printscreen/ On Demand News

Убаво е да се биде крал на која било земја. Но, ако случајно имате луда среќа и сте крал на Саудиска Арабија, тогаш живеете во луксуз кој е тешко да се опише со зборови.

Во историјата на луксузните патувања ќе остане запаметено патувањето на кралот на Саудиска Арабија Салман бин Абдул Азиз ал Сауд во Индонезија.

Според пишувањата на медиумите, со сиот раскош што го придружува кралот на неговото патување, особено се впечатливи информациите за „апартманот“ што го носи со себе, а повпечатливи се само информациите за неговиот багаж.

Имено, кралот на пат носи ни помалку ни повеќе туку 500 тони работи! Со сите стоки и залихи, неговиот багаж крие многу необични работи. Пред се, има два луксузни Мерцедеси, но и два преносливи лифтови.

Доаѓаме до свитата на кралот. Со него патуваат вкупно 1.500 луѓе, од кои 10 министри, 800 делегати, 25 членови на кралското семејство, но и 572 членови на персоналот кои се на служба на кралот 24/7. Сите тие престојуваат во најлуксузните хотели.

Ова не е прв пат патувачките навики на кралот да се најдат на насловните страници. Патувањето на кралот Салман во Франција во 2015 година предизвика петиција потпишана од 150.000 луѓе во знак на протест поради затворањето на јавната плажа за време на тринеделниот престој на кралот и поставувањето на лифт среде песокот.

Истата година, тој го резервира целиот Four Seasons во Џорџтаун за неговиот тридневен престој во САД, принудувајќи ги гостите кои резервирале хотел со 222 соби за време на неговата посета да бидат преместени во блиските луксузни хотели.

Хотелот, кој чини повеќе од 2.000 долари за ноќ, додавал нови детали за да одговараат на вкусот на кралот. Очевидци велат дека виделе позлатен мебел донесен во хотелот, со црвени теписи во ходникот, па дури и на асфалтот на гаражата на хотелот.

извор:srbijadanas.com