4 работи кои задолжително мора да ги направите доколку патувате на високи температури
Новите податоци покажуваат дека високите температура, покрај возачот, можат сериозно да го загрозат и автомобилот.
Проблемите кои топлината може да ги направи се лоши, од зголемување на притисокот во гумите, па се до проблемите со хемикалиите во акумулаторот.
Акумулаторот е составен од киселини и вода, а водата може да испарува побрзо поради високите температури.
Најризични се старите автомобили за кои сопствениците не водат адекватна грижа, но проверката на обичните работи како што се течноста за ладење и нивото на масло во моторот, како и притисокот во гумите, може да ги зголемат шансите за безбедно патување.
Погледнете ги сите совети кои ќе помогнат вашиот автомобил да биде заштитен од можни дефекти:
1. Осигурајте се дека имате доволно течност за ладење, бидејќи недостатокот може да предизвика моторот да прегрее.
2. Проверете го датумот на течноста за ладење. Да, течноста за ладење има рок на траење, а еднаш кога ќе истече, повеќе не е корисна.
3. Исклучете ја климата кога возите полека, бидејќи моторите во тој случај мора да работат понапорно и трошат повеќе гориво.
4. Не преопторувајте го возилото, бидејќи во тој случај моторот исто така мора да работи понапорно и да ризикувате да се појави некој дефект.
Извор: telegraf.rs