49 години изминати во љубов и хармонија: Гоце Тодоровски заедно со сопругата Тања и децата ја прославија годишницата од брак

Актерската легенда Гоце Тодоровски, особено препознатлив по улогите во „Македонските народни приказни“ одбележа 49 години брак со својата сопруга Тања. Токму по овој повод семејството Тодоровски се собра на едно место и го прослави овој ден.

Како плод на љубовта од бракот тие ги имаат две деца, ќерката Сашенка и синот Гоце, крстен по својот татко ГоцеТодоровски.

Инаку Тодоровски е еден од позначајните македонски театарски, филмски и телевизиски актери. По завршувањето на Факултетот за драмски уметности се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој често е присутен на програмите на радиото и телевизијата, учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Има одиграно голем број филмски и театарски улоги и добиено многу наргади кмеѓу кои се вбројуваат оние за - најпопулатно тв лице, награда за жиотно дело и тн.

Фото:facebook