50 m2, КЛУЧ НА РАКА, ЧОВЕКОТ ЈА ГРАДИ ЗА 5 ДЕНА: Почнува во понеделник, завршува во петок, но кога ќе ја каже цената, сите мислат дека се шегува!

Куќата се состои од дневна соба, спална соба, кујна, бања и покриен трем. Исклучително е отпорна на сите екстремни временски услови, а може да издржи и земјотрес со јачина од 8 степени според Рихтеровата скала 

Изберете го местото каде што сакате да изградите куќа или викендица. Ќе треба да се задоволите со големината од педесет квадрати, колку што е просторот во кој ќе добиете спална, дневна, кујна и бања. Пред куќата ќе имате покриен трем каде што можете удобно да поставите маса и неколку столчиња. 

Компанијата што ја ангажиравте ќе започне со работа во понеделник, а ќе заврши во петок, па ќе можете да организирате забава за домаќинство за викенд, односно пет дена од почетокот на изградбата. 

Звучи невозможно? 

Што ако на сето веќе опишано се додаде и цената од педесет евра за квадрат или пет илјади евра за цела куќа? Некои ќе кажат дека тоа е тотално лудило, но куќи кои можат да се изградат од подот до таванот, буквално од нула, за помалку од една недела речиси насекаде во светот по цена на просечен половен автомобил стар десет години - веќе постојат, пишува Мондо.

„По разорниот земјотрес од седум степени според Рихтеровата скала, кој во 2010 година практично го срамни со земја главниот град на Хаити, а поради кој меѓу 2 и 3 милиони луѓе останаа без покрив над главата, дојдов во таа земја како хуманитарец кој сака да им помогне на оние на кои не им остана ништо. Донирав пари на разни здруженија, но сфатив дека сето тоа е капка во морето, се чувствував мизерно и немоќно додека шетав меѓу стотици илјади луѓе кои спијат во калта по улиците. Размислував што да правам и потоа со уште неколку пријатели основав непрофитна организација која ја нареков „Нова приказна“ и оттаму започна се“, Американецот Брет Хаглер го опишува почетокот на New Story, што е името на самата компанија. 

„New Story“ набрзо стана партнер со ICON, компанија од Силиконската долина специјализирана за 3D печатење и по околу две години соработка, успеаја да ја испечатат првата 3D куќа кон крајот на 2018 година. Имаше 33 квадратни метри и нејзиното производство чинеше десет илјади долари, а со дополнителна оптимизација успеаја да ја спуштат цената на седум илјади долари. 

Изградиле педесетина такви куќи во Мексико, а потоа почнале да градат нов печатач кој го завршиле минатата година и го нарекле Vulcan II. Станува збор за монструозност висока 3,5 метри и широка 8,5 метри која за приближно 24 часа ќе ја испечати бетонската конструкција на куќата, односно подот, ѕидовите и делови од покривот, по што мора да се исушат неколку дена. 

Во втората фаза, пак, потребни се работници кои ќе ги постават вратите, прозорците, дел од покривот и инсталациите, а на добро координиран тим од четири до пет лица му беа потребни во просек два дена за да го направи тоа. „Куќата е исклучително отпорна на сите екстремни временски услови, како што се, на пример, торнада, а може да издржи и земјотрес со јачина од 8 степени според Рихтеровата скала, бидејќи е изградена од специјална бетонска смеса што ја нарековме Лавакрет. 

Внатрешноста е прилично светла, рабовите не се остри туку заоблени, па изгледа прилично модерно“, објаснува основачот на New Story и додава: „Годинава во Јужна Америка ќе изградиме цела населба од сто идентични куќи во кои во соработка со локалните власти ќе ги преселиме најсиромашните семејства кои заработуваат помалку од три долари дневно“, рече тој. 

Тој истакнува дека годинава ќе почне да го продава својот печатач, а долгорочниот план е буквално да им обезбеди покрив над главата на стотици милиони луѓе кои моментално немаат. Секако, и на сите оние кои сакаат да имаат вакво нешто... 

Курир.рс/Мондо