Поранешниот британски нуклеарен бункер наречен „Hope Cove“, сега познат како „Crown Buildings“, е понуден на продажба.
Бункерот е изграден од британската влада во 1952 година како дел од програмата РОТОР поврзан со голем радарски систем за откривање на можни воздушни напади.
По повод продажбата на бункерот, кој се наоѓа во Девон, беше организирана онлајн аукција, а почетната цена е 400.000 фунти, или околу 462.000 евра. Површината на бункерот е 3.065 квадратни метри, има два ката и 56 соби.
Заедно со бункерот, и околното земјиште се продава за уживање во природата. Според страницата каде е објавена продажбата, станува збор за „исклучително ретка и возбудлива понуда“.