Татко ја изостави од тестамент својата ќерка бидејќи 8 години не го посетила, ниту го побарала на телефон

По речиси една деценија без контакт со својата ќерка, еден 64-годишен татко побара совет од интернет-заедницата Reddit – дали е исправно целосно да ја изостави од својот тестамент.

 Во својата објава тој откри дека ќерката, сега 32-годишна, прекинала секаква врска со него и со целото семејство веднаш по венчавката.

Таткото тврди дека нејзиниот сопруг бил груб и непочитлив кон родителите и дека сакал „да биде единствениот маж во нејзиниот живот“. Кога се обидел да ја предупреди, ќерката му целосно ги блокирала сите роднини – дури и не ги поканила на свадбата.

Иако со години се обидувале да воспостават контакт, тој и сопругата биле одбивани со навреди и викање, па конечно се откажале. Преку познаници дознал дека ќерката има две деца и очекува трето, но не сака никакво вклучување на родителите во нејзиниот живот.

Сега, додека повторно го уредува својот тестамент, се соочува со дилема – дали е морално таа да добие нешто. „Ако не нè сака во својот живот додека сум жив, зошто би добила нешто кога ќе ме нема?“, напиша тој, додавајќи дека неговата сопруга и останатите деца се согласуваат со тоа.

Сепак, признава дека одлуката му паѓа тешко. „Таа е сè уште моја ќерка,“ напиша, „и не можам лесно да ја избришам, колку и да ме боли.“

Корисниците на Reddit реагираа со разбирање, советувајќи го да се консултира со адвокат и можеби да ѝ остави мал симболичен предмет – нешто со емотивна, а не материјална вредност.

Извор /Freepik