„Кралицата на небото“ слета во Скопје: Што ѝ достави американски џамбо „Боинг 747“ на македонската армија?

Реткиот американски џамбо авион „Боинг 747“, наречен „Кралица на небото“, утринава слета на Меѓународниот аеродром Скопје. Авионoт долета од воената база Довер во САД и е наменет за потребите на Армијата на Северна Македонија.

Прекуокеански авиони како „747“ се невообичаени гости на скопската писта, која обично прима помали широкотрупни авиони. Последниот „747“ од производството на „Боинг“ е испорачан токму денеска, означувајќи крај на легендарната ера на овој четиримоторец, кој од 1969 превезувал патници, товари, а дури бил и претседателски авион или транспортер на вселенски шатлови.

Слетувањето на џамбот во Скопје ја потсетува на неговата историја од косовската криза во 1999, кога слетуваше за транспорт на бегалци и воени операции.