7 изјави на принцезата Дајана заради кои и денес е најомилена принцеза

Како одминуваа годините, јавноста се запозна со принцези од другите европски дворови, како и со кралици кои се толку сакани - шпанската Летиција и кралицата од Јордан Ранија. Секако тука се и сопругите на синовите на Дајана, Кејт Мидлтон и Меган Маркл, но ниту една од нив не е обожавана од британската и светската јавност толку колку што беше Дајана.

Тие ја нарекуваа англиска роза и кралица на срцата, и од сè што рече и за се што се залагаше, се чини дека таа навистина беше кралица на срцата.

Еве кои 7 нејзини изјави ќе останат запаметени засекогаш, и изјави по кој ќе ја памети светкста јавност:

1. Има и такви кои не сакаат луѓе со слободен дух како мене, но јас сум едноставно таква.

2. Бидете хумани и помогнете им на другите, не очекувајќи ништо за возврат. Носете ја мислата дека еден ден некој може да го стори истото за вас.

3. Семејството е најважната работа на светот.

4. Не ги следам вкоренетите правила. Јас сум водена од моето срце, а не од главата.

5. Ако наидете во животот на луѓе што ги сакате, држете се до нив.

6. Правете го она само што ви го кажува срцето.

7. Секој треба да биде ценет, бидејќи секој од нас има потенцијал да возврати.


Можеби ќе ве интересира: