8 години верверицата им тропаше на прозор за да им каже нешто
Кога Бренти Харисон и неговото семејство помогнаа да одгледаат мало бебе верверица откако беше нападнато од був, тие не знаеја дека ќе развијат трјна врска со неа.
Малата верверица имаше само четири недели кога семејството Харисон ја пронајде во 2009 година, во близина на нивниот дом во Јужна Каролина.
Ја викаа Бела, ја хранеа и ја чуваа безбедна. Тие сакаа да ја пуштат да оди во дивината кога таа целосно се опорави. Бидејќи верверицата е диво животно, воопшто не се надеваа дека некогаш повторно ќе ја видат, но не беа во право.
Цели осум години Бела ќе дојдеше во нивната куќа, ќе скокнеше од прозорецот и ќе гледаше кога некој ќе ја види. Таа, исто така, ќе седеше крај вратата чекајќи некој да дојде и да ја забележи. Се чинеше дека ги смета за нејзино семејство и беше целосно опуштена околу нив.
Кога седеа во градината, таа ќе дојдеше и ќе се дружеше со нив. Еден ден Бела дојде повторно да ги посети, но со повредена нога. Таа знаеше дека нејзиното семејство ќе и помогне и ќе се грижи за неа, што секако и тоа и го направија.
Кога ја започнала терапијата и кога антибиотиците почнале да работат, семејството доживеа изненадување. Имено, во кафезот на Бела имало три бебешки верверички кои таа ги родила за време на рехабилитацијата.
Исто како што знаеше дека ќе и помогнат, така Бела беше убедена дека ќе и помогнат и на нејзините бебиња.