Македонија има нафта за помалку од 50 дена, наместо за 90
Врз основа на проектираниот енергетскиот биланс, доколку Македонија до крајот на годината би останала без снабдување на нафта и нафтени деривати, со државните резерви стопанството, сообраќајот и домаќинствата би можеле да опстојуваат непречено 50 дена со дизел и 82 дена со бензин.
Дополнително за толку денови ќе има од резервите, ако во меѓувреме Владата не им одобрува поголеми количини од залихите на другите државни и јавни институции како што е практика и доколку се набават дополнителнителните горива кои Дирекцијата за нафтени резерви ги планира во 2020.
Македонија чува готови нафтени деривати, а оваа година планира да набави 20,5 милиони литри дизел и 2,5 милиони литри Еуросупер 95 за сума од околу 16 милиони евра. Без овие дополнителни резерви, Македонија во вонредна ситуација би имала гориво за уште помалку денови од предвидените 50, односно 82.
Доколку Владата одлучи да им препушти една четвртина од резервите, колку што е законски дозволено, на јавните претпријатија, општините и други установи, тогаш нафта би имале за...
Целиот текст прочитајте го на ФАКТОР