А, еве како беше: Делириум во салата „Борис Трајковски“, се пееше во еден глас- Бора Чорба направи концерт за паметење

Легендарниот рокер и фронтмен на групата „Рибља чорба“ почина во болница во Љубљана.

Легендарниот Бора Ѓорѓевиќ почина по тешко боледување, потврдија од „Рибљa чорба“.

„Почитувани пријатели, со тага ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не напушти. Почивај во мир драг наш Боки“, се вели во соопштението на бендот.

Последните денови од животот ги помина во Клиничкиот болнички центар во Љубљана, каде што беше хоспитализиран по тешка пневмонија.

А еве како беше на еден од послените негови концњерти во Скопје:

Бора Ѓорѓевиќ, познат како Бора Чорба, направи конерт за паметење во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Овациите не стивнуваа. Публиката уживаше во 4 часовното шоу од почеток до крај.

На песната „Лутка са насловне стране“ публиката не му дозволи на Бора да отпее ниту еден збор. Се пееше во еден глас.

Како предгрупа настапи групата „Атомско Склониште“, а како специјален гостин се појави и пејачот Ѓорѓе Давид.

А еве и дел од атмосферата:


Фото:Вангел Тануровски

Елеонора А.