Адвокат за разводи, за машко-женските односи: Тврди дека мажот мора да ја плати сметката на првиот состанок, а причината ги разбесни сите жени

Кога мажот ќе го извади паричникот на крајот од состанокот, клучна работа е реакцијата на неговата партнерка

Адвокат за разводи откри зошто смета дека мажите секогаш треба да ја платат сметката на првиот состанок - објаснувајќи дека плаќањето е сериозен тест, врз основа на кој заклучуваат дали жената е разгалена и алчна. 

Џастин Ли, адвокат од Торонто, Канада, неодамна проговори зошто мисли дека мажот секогаш треба да се понуди да ги покрие трошоците, тврдејќи дека реакцијата на жената открива дали таа ќе биде добар партнер или не.

Тој објасни дека ако жената ја нема основната љубезност барем да се преправа дека сама си плаќа, туку очекува дека и е платен оброкот, тогаш мажот не треба ни да оди на друг состанок со неа. Според Daily Mail, тој ги споделил своите ставови за TikTok и видеото набрзо станало вирално - тој собрал повеќе од 500.000 прегледи и поттикнал голема дебата меѓу луѓето во коментарите.

Џастин рекол дека најчесто кога мажите имаат проблем со плаќањето на првиот состанок, не се работи за сумата на пари што ја трошат. Имено, тој објасни: „Проблемот е кога на крајот плаќаме за некој кој има очекувања дека ќе платиме. Вашата партнерка, која и да е таа, би можела да биде личноста со која ќе се омажите. Верувајте ми кога велам, како адвокат за развод, ова е многу важно“. Тој советува дека на крајот од состанокот, кога ќе го извадите паричникот и ќе се понудите да ја платите сметката, да внимавате на реакцијата на партнерот.

Ако таа само седи и очекува од вас да платите за се, тоа е сериозен проблем бидејќи штотуку откривте дека е разгалена и алчна.
„Само замислете како некој таков ќе се однесува со својот партнер, со својот брачен другар. Штотуку научивте дека личноста пред вас не чувствува дека барем треба да понуди да плати половина од сметката. Затоа никогаш не треба да одите на друг состанок со неа“, заклучил Џастин. 

Тврдењата на Џастин предизвикаа голема дебата меѓу корисниците на социјалните мрежи, при што некои се согласија со него, а други ја осудија неговата идеја дека на жените треба да им се понуди да ја поделат сметката.

„Очекувам мојот сопруг да се грижи за мене. Нема да се преправам ништо“, напиша една жена, додека друга додаде: „За првиот состанок жената обично инвестира многу повеќе пари и време во облека, фризура, шминка итн.“ „Ако мажот ви дозволи да платите на првиот состанок... Дами... Замислете дека сте во брак со него до крајот на животот“, гласи еден коментар.

Сепак, некои луѓе застанаа на страната на Џастин. „100 проценти сте во право, „Се работи за почит и тоа е елементарна култура“, искоментира еден корисник, додека друг додал: „Се согласувам“. Мој совет до жените е да нарачате што можете да си дозволите и никогаш да не претпоставувате дека мажот ќе плати“.

Што мислите вие за ова?

извор:najzena