Ах, ТОЈ ПЕНИС: Некои работи кои може да ја стават во опасност машката гордост!

Проблеми со кои може да се соочи вашиот секуален орган . . .

За пенисот најмногу се пишува во контекст на сексот, но важно е да се обрне внимание и на здравјето на сексуалниот орган. Еве што да направите кога пенисот ќе се најде во неволја!

Ние ги откриваме сите проблеми со кои може да се соочи вашиот пенис, главно поврзано со здравје и како да го решите.


Може да се скрши

Иако нема коски, сепак може да се скрши. Ова се случува најчесто за време на дивиот секс.

Не „работи“ по неколку алкохолни пијалоци

По премногу алкохол може да не можете да добиете ерекција или да ја држите. Експертите велат дека тоа се случува затоа што алкохолот ги гуши сетилата.

Крв во сперма

Тоа е хематоспермија или хемоспермија и најчесто не е карцином. Може да се појави еднаш или може да потрае некое време, а најчесто само поминува. Ако не, се препорачува посета на лекар. Експертите велат дека причината е обично инфекција или воспаление на жлездата на простатата.

Сини тестиси

Технички, тоа не е проблем со пенисот, но е во истата област.  Во тестисите, тогаш се јавува болка, и обично се јавува по продолжена сексуална стимулација без ејакулација.

Не можете да ејакулирате

Ова често се случува заради премногу мастурбација. Одредени лекови, како што се лекови со висок притисок, антидепресиви и наркотици, исто така играат важна улога. Ако тоа се случи и кај вас, прво обидете се помалку да мастурбирате.

Предвремена ејакулација

Предвремената ејакулација значи дека завршувате во рок од една минута од сексуалниот однос. Сепак, постојат два вида - на некои тоа се случува целиот свој живот, а на некои се јавува во одреден период од животот. Експертите сè уште не знаат зошто се појавува овој феномен. Вториот обично се јавува кога станува збор за проблеми со менталното здравје и колку повеќе се грижите за тоа, толку е поприсутен. Постојат лекови кои го забавуваат процесот на ејакулација.

Свиткан е и ве боли

Нормално е пенисот да биде крив, но ако тоа ве боли, особено кога имате ерекција и тој е свиткан повеќе од вообичаеното, тогаш може да биде болест. Не треба да се меша со пениси кои отсекогаш биле свиткани. Се манифестира најчесто однатре и често е резултат на некаква траума или повреда што не била соодветно третирана како настанала повредата кај пенисот.

Чешање

Може да биде убод или габична инфекција која исто така може да се појави на препоните или гениталиите. Чешање или црвенило може да се најде на бутовите и задникот, но може да се прошири и на гениталиите. Причината е обично топлина и пот. Moже да ви помогне поудобна облека и нанесување на пудра против чешање во спорните области.

Црвен е и воспален

Може да биде габична инфекција. Меѓу групите со најголем ризик се дебелите мажи, дијабетичари, луѓе кои пијат антибиотици или оние кои не користеле кондоми. Се јавува почесто кај необрежените мажи. Значи, ако имате црвенило, чешање или воспаление, посетете го вашиот уролог.

Исцедок од пенисот, но не е урина ниту сперма

Ако имате секрет, задолжително посетете лекар. Може да биде знак на гонореја или кламидија, кои се сексуално преносливи инфекции кои се излечливи.