„Ајде да бидеме нормални“: Погледнете што сѐ треба да прави еден келнер во Грција

фото: приватна архива/ Printscreen/instagram

„Кафиња во вода“ не се новина, но дали тоа навистина мора да изгледа вака? Келнерот за да ја преземе нарачката мора да помине низ вода, да внимава каде гази и да внимава да не ги истури

Сезоната на одмори е во тек, Грција е позната како популарна дестинација, а низ што треба да поминат сезонските работници за да ги задоволат гостите, можеби најдобро покажува еден келнер.

Имено, на видеото објавено на социјалната мрежа Инстаграм, на профилот „nikana.gr“ се гледа како келнер носи нарачка на маса во морето, додека водата е до неговата половина, а во позадина се слуша смеа на девојки кои, како што се претпоставува, и го снимиле ова.

„Се поставува прашањето, на што се принудени сите вработени за да си ја заработат платата? Има и такви кои велат дека келнерите добиваат огромен бакшиш во луксузните кафулиња и ресторани и дека самите сакаат „да се обидат да им угодат на богатите гости“ - стои во описот на ова видео.

„Срамота е и воопшто не е смешно“, „Разбирам дека тоа е негова работа, но не ја разбирам ароганцијата на „обичните луѓе со пари“ кои мислат дека апсолутно сѐ може да се купи со пари“, „Јас само не разбирам зошто мора да имаат лежалки во море.... Брат ајде да бидеме нормални“, се дел од коментарите со кои се осудува оваа ситуација.

„Тој чесно си ја врши работата. Знае што прави, не грижете се", „Кој вели дека е келнер? Можеби момчето има изненадување за некого", велат други корисници на Инстаграм.

Извор: www.alo.rs