Ајфеловата кула крие БИЗАРНА ТАЈНА за своето потекло - Еве ЗОШТО зградата е наречена „Џиновски скелет“
Светски познатата зграда крие тајна поврзана за нејзиното потекло и идејата за нејзината изградба.
Ајфеловата кула, иконска градба во срцето на Париз, не е само симбол на градот на светлината, туку и ремек-дело на архитектурата и инженерството што предизвика мешани реакции и контроверзии кога за првпат беше претставена во светот.
Во 1886 година, еден француски весник објави дека ќе се одржи конкурс за избор на централната зграда на Светскиот саем во 1889 година. Компанијата на Густав Ајфел победи меѓу 107 конкуренти со својот револуционерен проект за кула која ќе стане симбол на Париз.
Оригиналниот концепт бил сложен, со планови за висока кула со стаклени ѕидови на секое ниво, но конечниот дизајн еволуирал во карактеристична структура од челични сводови.
Изградбата на Ајфеловата кула не била лесна. На работниците им биле потребни пет месеци за да ја завршат основата, а потоа уште 21 месец за да ги склопат 18.000 метални делови што ја сочинуваат кулата. Тимот на Ајфел се соочил со предизвици, барајќи баланс помеѓу силата и леснотијата на конструкцијата, користејќи револуционерен материјал - железо.
Дизајнот на кулата е инспириран од структурата на човечката коска, особено бедрената коска, која е најдолгата и најсилната коска во човечкото тело. Тимот од Ајфел ги користел принципите на вкрстени шаблони, слични на оние кои се наоѓаат во коските, за да ја поддржат изградбата на кулата.
Ајфеловата кула, завршена во 1889 година, стана не само техничко достигнување, туку и симбол на Париз и француската култура. Иако во своето време предизвикуваше контроверзии, денес на Ајфеловата кула се восхитуваат како еден од најпознатите и најубавите споменици во светот, кој секоја година привлекува милиони туристи.FOTO: Instagram