Ако ја имате, вие ќе бидете најмоќниот човек на светот: Што крие оваа чанта?
фото:twitter
Одамна скриена тајна откри поранешниот директор на воениот кабинет на Белата куќа
Многумина се запрашаа што содржи актовката што американскиот претседател ја чува и ја носат тајни агенти, а долго скриената тајна ја откри поранешниот директор на воениот кабинет на Белата куќа, Пит Мекгар.
- Актуелната чанта содржи четири работи: црна книга со сите нуклеарни опции, список на безбедносни бункери каде може да се скрие претседателот, упатства за користење на системот за итни случаи за започнување нуклеарен напад (Emergency Transmission System EPS) и картичка со автентични шифри да се потврди идентитетот на претседателот - рече тој Мекгар, кој три години беше еден од специјалните агенти на Тајната служба кои ја носеа актовката, наизменично со уште четворица колеги.
Тој изјавил дека пред да биде избран да ја носи чантата, бил подложен на многу психолошки тестови и разни квалификации.
- Помошниците можат да извршат нуклеарен напад, мора да работат во парови и двајцата се согласуваат на таква акција, но тоа не важи за претседателот. Тој може сам да одлучи – додаде Мекгар.
Тој исто така истакна дека таканаречената фудбалска торба мора секогаш да биде кај претседателот, дури и на патувањата кога тој треба да биде во хотелот на истиот кат со претседателот.
извор:alo