Ако ме прашаат колку се 8x2, НЕ БИ ЗНАЕЛА: Има 620.000 следбеници и на сите им призна

Иако е вештина што повеќето луѓе ја совладале кога се деца, австралиската инфлуенсерка Скај Витли признала дека се бори со основна математика на 26-годишна возраст.

Ѕвездата на Инстаграм, која ја следат повеќе од 620 илјади луѓе на таа социјална мрежа, одговараше неодамна на прашања од обожавателите на Јутуб - и еден од нив ја праша нешто за училиште. За време на 34-минутното видео со наслов „Претпоставки за мене“, таа отворено се осврна на математичките тешкотии откривајќи како не може да го каже одговорот ако некој ја праша колку е 8 x 2.

Иакo беа изненадени од нејзината исповед, многумина ја поддржаа за „искреното признание“.

Мајката на едно дете се опиша себеси како личност што мрази училиште и учење. „И знаете зошто ја мразевматематиката? Затоа што не ја разбрав“, рече таа на снимката. „Математиката ми беше најлош предмет. Ако ме прашавте колку е 8 x 2, јас не би го знаелa тоа“.

„Благодарам за искреноста“, напишаа обожавателите на поранешната учесничка на „Големиот брат“, на кој се приклучи во 2014 година, а после тоа изгради профитабилна кариера како инфлуенсерка. Таа има 245 илјади претплатници на YouTube и повеќе од 620 илјади на Инстаграм, каде редовно објавува увид во нејзиниот живот како мајка на синот Форест.


Тоа предизвика контроверзии во март кога, во недостиг на тоалетна хартија во Австралија, сподели фотографии во празен супермаркет за да промовира спонзорирана содржина.

https://www.instagram.com/skye.wheatley/