Ако мислите дека прво го приметуваат тоа „таму долу“, во заблуда сме: Еве што е приоритет кај жените
Неодамна, магазинот Men's Health направи малку истражување на темата машко- женски односи. Беа прашани 204 жени: 'Што прво забележувате кај еден маж?'
Повеќето од нив признале дека се очите. После очите, паѓаат на неговата насмевка.
Некои искрено рекоа дека повеќе би избрале маж со просечно тело тело, семеен човек отколку оној со мускули и плочки. Објаснија дека не би сакале да бидат со партнерот кој поминува повеќе време пред огледало од нив.
Еве на што одговориле и колку:
Очи - 88
Насмевка - 52
Заби - 22
Висина - 21
Рацете - 17
Стил на облекување - 16
Неговиот мирис - 14
Коса - 12
Чувство на хумор - 9
Боја на гласот - 9
Стас - 8
Самодоверба - 5
Интелигенција - 4
Мускули - 3
Хигиена - 3
Рамења - 3
Облик на гради - 1
Задник - 1
Цел комплет - 1
Сепак, многу мажи веруваат дека тие мора да бидат во врвна форма за да го привлечат спротивниот пол. Според едно истражување, дури 29 проценти од мажите се чувствуваат под притисок да останат во добра форма како нивните сопруги или девојки, 16 проценти се споредуваат со другите мажи, а десет проценти ги мразат своите тела.