Ако сте родени помеѓу 1950 и 1980 година, задолжително прочитајте: Ќе сфатите колку всушност сте среќни, единствени и ретки!
Прво, преживеавме и родени сме нормални, иако нашите мајки пиеја аспирин кога ги болеше глава, јадеа храна од конзерви, пушеа и работеа до последниот ден од бременоста и никогаш не бе тестирани за дијабетес… .
Како деца се возевме во автомобили без заштитни појаси и воздушни перничиња и не моравме да имаме кациги на главата кога возевме велосипед или ролерки…
Пиевме вода од црево за полевање на бавчата, а не од шишенца купени во големите супермаркети. Од исто шише пиевме кокта, кола или газоза со нашите другари и никој не умре поради тоа…
Јадевме млечни чоколади, бел леб и вистински путер, пиевме сокови кои тогаш беа преполни со шеќер, ама не бевме дебели затоа што постојано си игравме надвор…
Излегувавме од дома наутро и си игравме цел ден, криенка, крадци и полицајци, каубојци и индијанци, Германци и партизани, сакате ли војна, плочка, ластик, кралица 1-2-3…и сè останато што само детската фантазија беше во состојба да смисли.
Се случуваше некогаш и по цел ден да не се прибереме по дома, па родителскиот шамар беше дел од нашето воспитување, но без семејно насилство. И никогаш немаше проблеми.
Поминувавме цели денови правејќи даски за натпревар од нашите подруми или шупи, се спуштавме по улиците заборавајќи дека сме заборавиле да направиме кочници.
После неколку падови, скршени прсти и модринки, ќе научевме како да го решиме проблемот. Ние немавме имагинарни пријатели. Ние пријателите не ги “додававме” туку ги стекнувавме! Немавме проблем со концентрација во училиште…
Нам не ни даваа таблети против хиперактивност. Ние не бевме постојано кај училишниот педагог и психолог, па сепак го завршивме училиштето.
Нам не ни продаваа дрога пред училиште. Немавме плејстејшн, Икс-бокс, видео игри, 99 канали на ТВ, паметни телефони… Имавме само два програми и тоа вториот од попладне, немавме видео рекордери, сараунд глас, мобилни, компјутери, Интернет, соби за разговор…
Ние си имавме пријатели и се дружевме со нив!
Паѓавме од дрва, знаевме и да се исечеме од стакло, ќе скршевме и некој заб, нога или рака, ама нашите родители никогаш не одеа на суд поради тоа.
Возевме велосипеди или едноставно со трчање ќе отидевме до куќата на нашиот другар, ќе заѕвоневме на врата и ќе влезевме да се дружиме и да бидеме заедно.
Кога ќе падневме во проблеми со законот, нашите родители не плаќаа кауција за да не извлечат. Всушност, тие често беа построги од самиот закон! Последните 50 години беа најплодните години во историјата на светот.Нашите генерации ги дадоа најдобрите пронаоѓачи и научници досега. Имавме слобода, право на грешки, успех и одговорност. И научивме да живееме со тоа!
И ти припаѓаш на таа генерација? Секоја чест! Можеби ќе сакате да го споделите ова со другите кои имале среќа да пораснат како вистински деца, пред адвокатите, државите и владите да почнат да одредуваат како да живеат!
Можеби би било добро да им ја испратите оваа порака на вашите деца за да видат како пораснале нивните родители! Поздрав генерацијо и „живели“! Секој од нас е ангел со само едно крило, а можеме да летаме само прегрнати!
Foto: Wikimedia Commons/Pinki