Актерот сними интимни сцени со неговата кума, девојките целосно „одлепија“ по него: Оженет е со фатална црнка за која вели дека е иста Моника Белучи

Срцето на српскиот актер Миодраг Радоњиќ (35) го освои убавата Милица Микиќ со која има два сина.

Миодраг Радоњиќ се прослави со улогата на Баќа во серијата „Јужен ветер“, по што почна да добива ангажмани и се поголема популарност. 

Радоњиќ разви многу блиски односи со својата колешка Нина Јанковиќ, со која се спријатели.

Тие двајца неодамна работеа на проект во кој снимија неколку интимни сцени.

- Во филмот Нина и мојот лик се во емотивна врска и, да бидам искрен, многу ми олесна што ми е кума, бидејќи тоа значи дека имаме многу поголема доверба еден во друг. Нема непријатности кога се во прашање интимните сцени бидејќи можеме да зборуваме за се и да бидеме опуштени - изјави тогаш Радоњиќ.

Миодраг: „Милица е иста Моника Белучи“

Миодраг на шега вели дека покрај себе ја има Моника Белучи.

- Милица е иста Моника Белучи! Често се шегувам со неа за тоа и ја споредувам со позната актерка. На луѓето им се фалам дека ја имам Моника Белучи до мене. Па, Милица е подобра и поубава од Моника! – изјави Радоњиќ.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs