Активира рачна граната во сеф само за да види дали ќе ја издржи експлозијата. Нема
Јутуберот Едвин Саркисијан активирал граната во сефот само за да види што ќе се случи.
Љубителот на оружје, кој има повеќе од 2,6 милиони претплатници на „Јутјуб“, ги објави снимките пред една недела, и досега собра скоро четири милиони прегледи. Погледнете зошто.
Со слична снимка,
Саркисијан го привлече вниманието на почетокот на годината, кога сакаше да
отвори сеф со граната. Тој тогаш рече дека гранатите ги имал неговиот дедо од
Втората светска војна, но тоа не може да биде вистина со оглед на тоа што
гранатите М67 постојат од 1968 година.
Видеото кое тој
неодамна го објави, привлече внимание и на Редит, каде се разви дебата за
нејзината автентичност, за која некои се сомневаа. Некои веруваат дека
експлозијата на гранадата М67 би го оштетила сефот поинаку, па сметаат дека тој
можеби користел уште еден експлозив. Други ја забележаа „чудно изразен кадар“
околу 4:10.