Забава // Занимливости
Александар пронашол мистериозна торба во шума: Кога ја отворил, не можел да верува што гледа
- 19 Јули, 2023
![](/media/main/2023/07/20230719150108.png)
Еден Русин сосема случајно ја пронашол чантата во шумата во близина на Санкт Петербург, а потоа ја отворил од љубопитност.
Александар (59) уживал во природа, во близина на селото Хвојноје, кога наишол на вреќа во која имало четири ќеси прашок, пренесува њуз каналот База.
Многу брзо на местото на настанот пристигна и полицијата изненадена од таквиот „улов“.
Деталната анализа покажала дека во чантата имало 4,5 килограми синтетички наркотик мефедрон, кој е практично забранет во сите европски земји, а секако и во Русија.
Засега не е познато кој и зошто ја оставил торбата во шумата, а властите се надеваат дека брзо ќе ја решат мистеријата.
фото: фрипик илустрација