Американците нудат 10.000 долари на секој што ќе дојде да живее во овој град: Киријата е евтина, нема сметки и ги чека работата
фото: Tulsa,PIXABAY
Тулса нуди 10.000 УСД на оние кои се подготвени да одат и да работат во тој град во американската држава Оклахома за период од една година. Избраните кандидати веднаш ќе добијат повеќе од 136.000 денари за трошоци за преселување. Дел од средствата ќе бидат префрлани на нивната сметка секој месец, а на крајот на едногодишниот договор ќе бидат исплатени останатите пари.
За да бидете земени предвид за оваа финансиска корист, мора да имате над 18 години, да имате работа (што можете да ја работите од кој било дел од светот, поврзана со Интернет) и да бидете подготвени да се преселите во рок од шест месеци, но исто така мора да ви биде дозволено да работите во Соединетите држави.
И тоа не е сè.
Избраните кандидати ќе можат да се преселат во новореновираните станови во уметничкиот округ Тулса и да плаќаат само 33 проценти од реалната цена на закупнината. Режијата ќе биде бесплатна во првите три месеци. За деловни цели, добивате бесплатно членство во фирмата 36 Degrees North, што ви овозможува место за деловно работење, конференциски сали, безжичен интернет и други деловни придобивки.
Главната цел на оваа програма е да се привлече креативна и технолошки поткована работна сила во Тулса, која сака да го оживее претприемачкиот дух меѓу нејзините жители. Градот првично ќе започне со помали групи од 10 до 15 лица и на крајот ќе ја прошири програмата до 300 работници за размена.
(Извор: Телеграф.рс / punkufer.dnevnik.hr)