Американската војска развивала возила, слични на роботите од „Војна на Sвездите“: Не е фантастика

Американската војска своевремено работеше на роботски проект сличен на инсект, или поточно борбени возила АТ-АТ од вселенската сага „Војна на вездите“!

Во текот на осумдесеттите години на минатиот век, истражувачите добија огромен буџет за изградба на роботски единици на возилото со адаптивна суспензија (АСВ), но проектот никогаш не заживеа.

Тоа е барем официјалната верзија, бидејќи нивната судбина никогаш не беше официјално објавена, а десетгодишната работа на научниците од Универзитетот во Охајо остана обвиткана во мистерија.

Професорите Роберт МекГи и Кенет Валдрон оставија документација со детали за необичен проект во тоа време.

„Возилото имаше механички нозе, наместо гасеници или тркала, и требаше да се користи за надминување на тежок терен и пречки. Тестирањето е во тек, и се планира да ги добиеме сите податоци важни за оперативната употреба на ASV до 1986 година “, е напишано во документацијата.

Роботското возило тежеше 2.700 килограми, беше долго пет метри и високо три метри. Беше обучено да преминува огради и sидови, но и ровови широки седум метри, пишува Дејли Меил.

Компјутерски системи и погон

Една од причините зошто никогаш не стапи во употреба е фактот дека може да носи само 220 килограми, што очигледно не беше доволно за американската армија.

Погонот беше посебна приказна! Тоа е многу комплексен систем на хидраулични механизми кои се специјално дизајнирани за ASV. Единицата произведуваше 91 КС, а возачот располагаше и со 17 независни компјутери, кои помагаа во управувањето со металниот гигант.

Роботското возило не ги исполни очекувањата, особено во сегментот на подвижност и сложени маневри, и остана на ниво на прототип. Барем така вели историјата... Но, некои истражувачи и научници пред извесно време беа децидни кога тврдеа дека сепак ваквите нешта со години функционираат, но и дека служат за поголеми цели.

Фото: Youtube- принтскрин

Извор: Објетив