Анџелина Џоли: На светот му требаат повеќе злобни жени. Повеќе вештерки!
Уште од кога знаеме за Енџи, ја познаваме како опасна девојка со став. Таа сè уште е опасна, а нејзините ставови ја направија жена која инспирира.
По повод објавувањето на последното продолжение на еден од нејзините најпознати филмски наслови Maleficent, во овој случај Maleficent: Mistress of Evil, Анџелина Џоли даде интервју за американското издание на списанието ELLE и воа интервју го сметаат за нејзин триумф.
Во филмот, улогата на главниот негативец и вештерка, ја толкува Анџелина. За жал, во реалноста овие улоги им беа доделени на жени, но не поради нивните магични моќи, туку поради стравот од нивната моќ.
Еве ја незината исповед:
Низ историјата, женскиот пол бил обвинет за вештерство, а некои од причините за тоа биле следниве:
независност и слобода на однесување во прашањата за сексуалниот живот, поради слободата на говорот на голем број теми, а особено на политичките ставови, владата и религијата, или едноставно само затоа што се облекоа на неочекуван начин.
Обвинувањата за вештерство биле користени за да се замолчат жените и да се добие контрола над нив, а тоа се прави во скоро сите култури и буквално во секој век, па сè до денес.
Толку е лудо, што од оваа перспектива сега изгледа дури и комично. Се додека не сте свесни за следниве информации: дека во многу земји дури и денес жената што пее и танцува јавно се смета за незаконско и таквата е непристојна. Како што е случајот, на пример, во Иран.
Исто така, жените кои се борат за своите права во многу земји се етикетирани како лоши мајки, тешки, девијантни.
Како амбасадор на Обединетите нации, често патувам во земји каде што би завршила зад решетки или би била во општа опасност поради моето однесување или начин на размислување.
Застрашувачки е фактот дека дури 650 милиони жени и девојки ширум светот морале да се венчаат пред да наполнат 18 години.
Ништо од она што го наведов во врска со неправдата што им е сторена на жените со векови, не оспорува дека биле извршени неправедни и страшни злосторства против мажите, вклучително и вештерството, и во овие „модерни“ времиња.
Меѓутоа, ако го погледнеме минатото и сите настани, не можеме да не се чудиме:
Зошто е потрошено толку многу време за одржување на жената во позиција број два?
Ако ги погледнеме овие „вештерки“ од оваа перспектива, многу лесно можеме да забележиме дека тоа беа само жени кои беа уморни од неправда и злоупотреба. Жените кои одбија да ги следат правилата, сакајќи да ги следат своите верувања. Жените кои не се откажаа од борбата за своите права, по цена на смрт, затвор и отфрлање од семејството и пријателите.
Ако тоа е зло, на светот му требаат повеќе злобни жени. Повеќе вештерки!
Кога размислувам на оваа тема, мислам и на одредени мажи. Тогаш често се сеќавам на еден татко кога се сретнав во бегалски камп во Пакистан, за време на талибанското владеење. Овој човек бил претепан до тој степен затоа што ја испратил својата ќерка на училиште, што телото му беше жолто поради оштетувањето на црниот дроб што го заработил со тепање.
Која е нашата животна улога и како ќе се позиционираме во и кон животот е нешто на што сите треба да работиме со нас самите.
Како жени, често пати можеме да се тргнеме од патот, бидејќи нашите природни инстинкти нè водат кон улогата на оној што негува и се грижи, како и оној што се покорува и се прилагодува на очекувањата на општеството.
Задачата да се запрашаме кои сме всушност и што сакаме да бидеме во овој живот - не она што мислиме дека другите би прифатиле, но она што навистина сме, може да биде исклучително тешко. Меѓутоа, кога ќе се слушате себеси, тогаш исто така можете да донесете одлука да зачекорите, да научите и да се промените.
Често им кажувам на моите ќерки дека најважната работа што можат да ја направат е да го развијат својот ум.
Секогаш можете да носите убав фустан, но не е важно што имате однадвор, ако она што го имате одвнатре - вашиот ум, не е силно. Нема ништо попривлечно од независна жена со ставови.
Со љубов, на сите опасни жени и мажи што ги разбираат.
АнџелинаИзвор: Elle.rs