Анџелина Џоли го остава своето богатство само на еден син: Поради него и се разведе со Бред Пит
Американската актерка, филантроп и светски позната модна икона Анџелина Џоли, откако официјално се разведе од поранешниот сопруг, актерот Бред Пит, повторно предизвика контроверзии кога во јавноста протекоа информации дека 43-годишната убавица решила да го остави целото свое богатство на само едно дете. Американските медиуми јавуваат дека имотот на Анџелина ќе го добие нејзиниот најстар син, 17-годишниот Медокс. Богатството засега и се проценува на 100 милиони долари.
Имено, извор за странски медиуми објаснува дека со овој чин Анџелина сака да му се заблагодари на својот син кој застана во нејзина одбрана за време на бурниот развод со поранешниот сопруг. ‘Медокс застана на страната на неговата мајка за време на разводот помеѓу Анџелина и Бред. Затоа таа сака да му се оддолжи и да го стави на чело на нејзината империја. Медокс стана нејзина десна рака кога станува збор за семејството и работата ', тврди изворот и додава дека и покрај поддршката на Медокс, актерката треба да се потсети дека има шест деца и ниту едно не смее да се пропушти. Исто така, истиот извор забележува дека нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит, е бесен поради одлуката на Анџелина да ги остави сите пари на својот 17-годишен син.
Да потсетиме, токму врската помеѓу Медокс и 55-годишниот Бред беше клучна за разводот на славната двојка. Имено, по покрената истрага за анонимна дојава дека актерот го нападнал својот син на летот од Франција кон САД, бракот на славната двојка стана полн со неуспеси.