Анонимно се жалите од шефот, а овој човек оди на работа и го пцуе наместо вас: Дали е потребно вакво нешто и во Македонија?

Сега можете да му кажете на вашиот шеф што навистина мислите за него

Колку пати ви се случило шефот практично да ви се „качи“ на глава со барања и наредби? А потоа, ви се случило сигурно, во себе да му *** се‘ по список.

Но, што ако ви кажеме дека постои компанија чија специјалност е гласно да кажува се‘ што сте мислеле во вашата глава?

Додуша, засега тоа е можно само во Америка, но, прашање на ден е кога ќе се отвори нешто слично на Балканот, бидејќи во коментарите Балканците пишуваат „дојди кај нас, плаќаме двојно“.

Имено, еден дечко дошол на идеја да отвори компанија во која ќе може анонимно да се жалите на вашиот шеф, а потоа тој оди на вашата работа и му ги кажува на шефот во лице сите работи што можеби немате храброст да ги направите. Може дури и да го пцуе, ако тоа го побарате од него.

@calimar_whit3 SHE WANTED TO BOX AGENT RATLIFF #foryou #foryoupage #fyp #comedyvideo #funnyvideos #viral original sound - Calimar White

Неговите видеа предизвикаа огромен интерес и смеа на мрежите, а судејќи според она што може да се види на неговиот TikTok, некои ситуации се граничат со физички контакт.

Што велите? Дали ни треба вакво нешто и во Македонија? 


Фото и Видео: ТикТок/„Х“