Антонио Бандерас си ја отвори душата: Срцевиот удар ме смени целосно
Актерот Антонио Бандерас, кога без двоумење ја прифати улогата во филмот на Педро Алмодовар, „Болка и слава“, во кој го глуми Салвадор Мало, режисер со телесна попреченост, рече дека приказната за овој филм може да ги допре луѓето од сите општествени слоеви, бидејќи „сите патуваме низ животот со куфер полн болка и величенствени работи“.
„Кога ќе се свртите кон својот живот, секој ќе најде некој со кој мора да се смири, понекогаш да побара и прошка за работите кои ги кажал или направил, како и за работите кои не ги кажал и не ги направил“ - изјави актерот, признавајќи дека неговиот живот не бил совршен.
Меѓутоа, Бандерас тврди дека сега се посветил на тоа да ја зборува само вистината и дека сака да биде целосно искрен.
„Сфатив дека во животот постои момент во кој има место само за вистината. Мојот живот никогаш не бил совршен и поминувам низ сопствени проблеми. Предизвикот со кој се соочуваат сите славни е токму тоа што се обидуваат да го вратат нормалниот секојдневен живот“ - изјави актерот и објасни дека кога самите себеси ќе ги изградите дворец, тогаш многу лесно го губите контактот со реалноста.
Тој признава дека срцевиот удар во 2017-та година е најголемата причина за животен пресврт кој му се случил.