Апокалиптични сцени: Торнадото во Чешка направи и шетета и трагедија

Торнадата во Европа не се честа појава, тие се карактеристични на Американскиот континент. Но, природата си го прави своето и не бира место и време каде ќе нападне. Во случајов, тоа беше Чешка. А таму, невидено торнадо кое ништетеше се пред себе.

Синоќа уништи неколку села на југоистокот на Чешка, оставајќи зад себе најмалку тројца мртви, 200 повредени и огромна материјална штета.

Седум општини беа на пат на торнадото, а најпогодена беше провинцијата Јужна Морава, пренесува Ројтерс. Силно невреме откина покриви од куќи и згради, откорна дрва и преврте автомобили.

Најпогодените области изгледаат како воена зона на снимките објавени на социјалните мрежи од страна на сведоците на оваа природна катастрофа.


Налетите на ветрот достигнаа 322 километри кога торнадото достигна четврто ниво, што е најсилно во последните неколку децении.

Според заменик-градоначалникот Марек Бабиш, половина од селото Хрушки е срамнето со земја од торнадо.

Гувернерот на Јужна Моравија, Јан Гролиќ рече дека го свикал кризниот штаб доцна синоќа. „Ова е пекол“, рече тој по посетата на погодените области.

Беа мобилизирани спасувачките сили од сите делови на земјата, а на помош пристигнаа спасувачи од Австрија и Словачка. Дронови и хеликоптери се користат за пребарување на урнатините.

Дрвјата и автомобилите летаа низ воздухот, куќите буквално се распаѓаа од силината на ветерот, изјави за чешките медиуми еден од членовите на службата за спасување.

Портпаролот на спасувачката служба Хедвика Кропачкова изјави дека луѓето сè уште се заробени под урнатините, а ABC известува за службата за спасување, бидејќи досега се потврдени три жртви, но се стравува дека ќе има уште.

Најмногу страдаше Ходонџин, каде огромна штета претрпеа дом за стари лица и локална зоолошка градина.

Директорот на болницата во тој град, Антонин Тесарик, рече дека ситуацијата изгледа како бојно поле и дека 200 лица се примени во болницата.

"Беше апокалиптично. Насекаде имаше крв и во солзи беспомошни луѓе. Тие спасија животи, но го изгубија покривот над главата", рече тој.

Торнадото предизвика колапс на сообраќајот и остави над 100.000 домови без електрична енергија. Министерот за внатрешни работи, Јан Хамачек, прогласи природна катастрофа и оцени дека ситуацијата во погодените области е сериозна.

„Ова е огромна трагедија“, рече премиерот Андреј Бабиш, кој беше на Европскиот самит во Брисел за време на торнадото.

Експертите проценуваат дека торнадото е веројатно најсилното забележано во модерната историја на Чешка, и тоа секако било првото торнадо во последните неколку години.

Извор, фото и видео: Курир.рс