Аргентина започна на луѓе да тестира лек за коронавирус од серум на коњ
АРГЕНТИНА започна клинички испитувања за лекување на ковид-19 со употреба на хиперимун серум развиен со употреба на коњскиантитела, соопшти вчера лабораторија овластена за тестирање на новиот лек.
Серумот е произведен од биотехнолошката компанија Имунова, а се добива со инјектирање на протеинот САРС-Ков-2, од кој коњите произведуваат голема количина на неутрализирачки антитела. Нивната крвна плазма потоа се прочистува и обработува.
Тестирање на луѓето
По позитивните резултати од лабораториските тестови, ќе се спроведе клиничко испитување на ефективноста на серумот на 242 лица дијагностицирани со умерена до тешка болест, велат од лабораторијата.
„Ако можеме да ја намалиме репликацијата на вирусот во раните денови, не само што ја намалуваме нејзината моќ, туку сметаме дека оваа неутрализирачка способност ќе им овозможи на пациентите да развијат свој имунолошки одговор“, рече Фернандо Голдбаум, научен директор на биотехнолошката компанија Имунова.
Први резултати помеѓу октомври и ноември
Обраќајќи се преку видео, Голдбаум рече дека испитувањата започнале во понеделник и дека првите резултати се очекуваат помеѓу октомври и ноември.
Аргентина досега има 175.000 потврдени случаи на коронавирус со околу 3.200 смртни случаи.
Извор: Индекс.хр