АРХЕОЛОЗИТЕ ВО ШОК: Бизарно откритие на манастирските гробишта ги потресе сите! (ВИДЕО)

Водачот на тимот на археолозите изјави дека ова е најнеобичното откритие во неговата кариера

За време на ископувањата на брегот на Ла Манш, возбудата што ја почувствуваа археолозите кога ја открија гробницата беше заменета со благ шок и изненадување. Во внимателно ископаната гробница немало човечки останки - што не е невообичаено, старите Египќани внимателно ги закопувале своите животни, меѓутоа, никогаш не слушнале за такво нешто.

Во гробот пронајден на малиот остров Шапел Дом Хју, во близина на брегот на Гернзи во септември 2017 година, археолозите пронајдоа внимателно закопано заморче или морско прасе, објави неодамна Science Alert.

– Тоа е многу необично откритие и не знам што да мислам за тоа – изјави тогаш за „Гардијан“ археологот Филип де Џерси од Универзитетот Оксфорд во Велика Британија. „Зошто некој би закопал морско прасе?“

Мистеријата се продлабочува со начинот на кој е закопано ова заморче. Гробницата била внимателно ископана, а животното било внимателно положено, како што изгледа, според христијанската традиција, со главата свртени кон исток.

Кога го виделе гробот и начинот на кој бил ископан, според Де Џерси, тимот очекувал да пронајде посмртни останки на монаси - бидејќи островот бил познат како нивно засолниште. Сепак, тоа бил череп на младо заморче, поставен покрај гробовите на други монаси од 14 век.


Научниците најпрво мислеле дека морското прасе било убиено за да се изеде, бидејќи морското прасе било дел од менито во средниот век. Меѓутоа, зошто толку внимателно би ги закопале неговите останки - мислеле научниците.

- Тоа е она што ме збунува. Ако го изеле или го убиле поради салото, зошто се мачеле да го закопаат? - изјави Де Џерси за Гернси Прес.

„Една од можностите е дека животното можеби било убиено за храна и внимателно чувано во случај на потреба, но тоа никогаш не се случило“, додаде тој.

„Можеби било солено (така се чувало местот во минатото), но потоа поради некоја причина не го искористиле“, изјави тој за „Гардијан“.

Археолозите ги предале коските од морско прасе на понатамошно проучување. Де Џерси вели дека тоа е најчудното откритие во неговата 35-годишна кариера. Вистинска загатка.

- Делфинот е од големо значење во христијанството, но такво нешто досега не сум сретнал - рекол тој. „Тоа е малку чудна работа“.


Фото: Youtube-screenshoot

Видео: Youtube