Арнолд Шварценегер одбил да го издржува својот син откако тој дипломирал на колеџ
Синот на Арнолд Шварценегер, Џозеф Баена, тргна по стапките на својот татко на повеќе начини...
Сепак, ѕвездата на Терминатор откри дека финансиската помош за неговиот сега 24-годишен син завршила кога тој завршил факултет, по што Баена тргнал по малку поинаков пат во кариерата за да заработи за живот.
„Многу сум благодарен што татко ми ми помогна да го поминам факултетот“, изјави Баена за Essentially Sports. „Меѓутоа, кога заврши моето школување, тој имаше став, тоа е тоа, сега си сам. Мислев, „ох лелеее“.
Иако Баена е многу талентиран актер и бодибилдер, тој реши да се вработи во фирма за недвижнини и да почне да го живее својот живот веднаш по факултетот.
„Веднаш ми требаше работа и бев подготвен да ги прифатам сите улоги што мислев дека можам да ги добијам и да почнам да заработувам“, изјави дваесет и четиригодишниот син на легендарниот Австриец. „Ми требаше нешто, што било, па почнав да барам работа во компанија за недвижнини“.
Синот на Арни наскоро отишол да работи во ARIA Properties, компанија во Лос Анџелес. Тој и денес се занимава со недвижнини, откривајќи го својот талент веднаш по краткото стажирање во кое морал да навлезе во целата приказна.
„Отидов таму и реков дека само сакам да научам што повеќе за овој бизнис и да заработам пари“, додаде Баена. „Наскоро почнав да уживам во мојата работа и сфатив дека можам добро да се снајдам во оваа индустрија, па официјално ја добив лиценцата.