Австрија на црвената листа: Коронавирусот дивее и во Виена
- 16 Септември, 2020
800 нови случаи на инфекција со коронавирус се пријавени во АВСТРИЈА, пренесуваат австриските портали. Само во Виена се пријавени нови 319 случаи.
Откако Швајцарија и Белгија ја ставија Виена на црвената листа, сега и Германија го стори истото.
Австрија кон крајот на минатата недела објави дека воведува построги мерки.
Ова се построги мерки за маски, социјално дистанцирање и јавни собири, најави австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Маските за лице повторно се задолжителни во продавниците и училиштата, како што беше случајот на пролет. Маски мора да се носат и во јавниот превоз.
Професионално организирани настани каде што седат посетителите може да се организираат до 1500 лица во затворено и до 3000 лица на отворено.
Собирите се ограничени на 50 лица во затворени простории и 100 на отворено.