Австриски бордел нуди бесплатен половина час со дама по ваш избор за сите кои ќе се вакцинираат

Бордел во Виена на своите клиенти им нуди половина час со дама по нивен избор во замена за вакцинација против коронавирусот...

Додека некои места ја поддржуваат вакцинацијата на луѓето со обезбедување бесплатно пиво, крофни или дури членство во теретана, во Австрија работите добиваат конотација на најстариот занает во светот. Стапката на вакцинација во оваа земја е најлоша во Западна Европа, што значи дека австриската влада се согласува да стори сé за да ги принуди луѓето на овој потег, воведувајќи го правилото 2G, што значи дека на оние кои не биле вакцинирани сега не смеат да престојуваат на јавни места како ресторани, хотели, фризери и големи настани.

Сепак, борделот Fun Palast смислил многу иновативен начин да ги убеди оние кои се против вакцинација да ги добијат нивните дози, нудејќи им триесет минути со неговите дами во замена за вакцинација. Борделот, кој себеси се нарекува „секс-стар саунски клуб“, излезе со официјално соопштение: 

„Поради пандемијата, трпиме пад на посетителите за 50%, така што со оваа иницијатива можеме да се надеваме на повторно зголемување на бројот на клиенти“. Петер Ласкарис, менаџер на борделот Fun Palace, изјави за Ројтерс дека разбира дека борделите можат да станат главни сојузници и да и помогнат на Австрија да ги надмине проблемите со вакцинацијата.