Бабо, полека пиј ја текилата: Двејн Џонсон за роденден и прати алкохол

Некој праќа како подарок голем букет цвеќе, а некој милува алкохол. Од тие последниве е и Двејн Џонсон, најплатениот актер во светот за 2019 и 2020 година. Имено, познат како Д Рок или карпата, на обожавателка и испрати за роденден подарок- две шишиња текила.

Мери Гловер овој месец наполни 101 година и по пошта доби пакет изненадувања од ѕвездата, вклучително и персонализирана честитка за роденден.

Инаку, Двејн има свој бренд за текила.

Џонсон сподели и фотографија од Мери која позирала со шишињата додека го славела роденденот.
Давајќи и некој совет, Двејн и рекол на бабата дека 101. година „не е време за истрели“ и наместо тоа, таа треба само полека да ја пие текилата.