Стил // Пари
Банкротира добитникот на Нобелова награда: Немам ни за подароци за Божиќ
- 04 Јануари, 2021
Добитникот на Нобеловата награда за мир и поранешен полски претседател Лех Валенса (77) се пожали дека банкротирал велејќи дека не може да купува Божиќни подароци за никого.
Валенса патуваше многу и заработуваше пари држејќи говори, но пандемијата го смени тоа, изјави тој за полската телевизија Полсатњуз.
"Имаше моменти кога имав пари и ги трошев. Сега сум тука со празни џебови", рече тој.
Полскиот електричар беше претседател на синдикатот „Солидарност“ од 1980 до 1990 година и како лидер на работниците играше клучна улога во падот на комунистичкиот режим во Полска.
Од 1990 до 1995 година беше претседател.
Фото: Profimedia/ilustracija, youtube- принтскринИзвор: Србија данас