Барал богатство со детектор за метал: Не можел да поверува во она што го нашол
Aматерски ловец на богатство пронашол вреден артефакт што може да го збогати преку ноќ.
Кевин Дакет барал богатство со својот детектор за метали во полето близу Маркет Харбороу во Нортемптоншир, Англија, кога открил златна фигура за која експертите сметаат дека е дел од одамна изгубената фигура од круната на Хенри VIII.
Дакет за „Сан“ изјави дека слушнал многу силни сигнали од детекторот, па започнал да копа. Тој пронашол цврста златна фигура изгубена пред повеќе од 400 години.
Во 1649 година, Оливер Кромвел ја укина монархијата, го обезглави кралот Чарлс Први и нареди круната, која некогаш ја носеше Хенри VIII, да се стопи, кова и се продава како монети, но наредбите не беа следени.
Според британски таблоид, 334 скапоцени камења од круната биле продадени одделно, додека дел бил уништен или чуван во тајност.
Круната ја носеше Хенри VIII за време на крунисувањето, но и свадбата со Ана од Кливс во 1540 година. Подоцна се користеше на крунисувањето на неговите деца Едвард, Мери и Елизабета, а потоа Џејмс I и Чарлс Први.
Историчарите сметаат дека фигурата е можно да се одлепила кога Чарлс избегал или ја закопал за да се скрие од Кромвел. Се проценува дека вреди околу 2,5 милиони долари (околу 15,5 милиони американски долари).