Баткава е оженет со 9 жени, остана без една и планира да се ожени со уште две

Бразилецот Артур Оурсо се најде на насловните страници низ светот минатата година кога тој и неговите девојки се венчаа. Манекенот претходно беше официјално во брак со својата партнерка Луана Казаки, па немаше голема венчавка бидејќи полигамијата беше забранета во Бразил.

Меѓутоа, во тоа време, тој тврдеше дека сака да ја слави слободната љубов и дека всушност бил бунтовник кој се бори против моногамијата. Од друга страна, една од неговите сопруги, Агата, сега решила да го остави бидејќи сфатила дека таков живот не е за неа.

Таа сака да ме има само за себе“, рекол Артур. „Немаше смисла, мораме да се разделиме. Многу сум тажен поради разделбата, но во исто време уште повеќе сум изненаден од нејзиниот изговор. Таа тврдеше дека и недостасува моногамна врска. Другите мои сопруги погрешно го разбраа нејзиниот став и заклучија дека таа прифатила брак заради авантура, а не поради вистински чувства. Знам дека ја изгубив сопругата, но во моментов нема да ја заменам“.

Сепак, Артур, кој тврди дека заработува преку 67.000 евра месечно преку неговата сметка на OnlyFans, веќе гледа кон иднината и планира да се ожени со уште две жени.

Како што додаде: 

„Имам сон, мојата желба е секогаш да бидам со десет жени. Имам само една ќерка, но се надевам дека ќе имам барем по едно дете со секоја моја сопруга. Мојата љубов кон нив е еднаква. Мислам дека би било неправедно да се има дете само со една или две“.

Минатата година Артур и Луана го прославија својот официјален брак така што заминаа на меден месец во најголемото нудистичко одморалиште. Парот тврди дека сакале да го започнат својот брак со авантури и нови работи, па се упатиле кон Кап Д'Агде, нудистичко село на југот на Франција.