Белград центарот на случувањата: Го добива популарното „Хард Рок Кафе“ кое многумина го чекаа

По години најави и чекање, познатиот светски бренд конечно ги отвора своите врати во главниот град на Србија.

Хард Рок Кафе е познат низ целиот свет како место каде што музиката, добрата храна и енергијата на публиката се спојуваат во уникатно искуство, а сега Белград ќе застане рамо до рамо со светските метрополи кои веќе го имаат овој култен бар.

По повод отворањето, бараaт амбициозен тим кој ќе биде дел од лансирањето на овој легендарен бренд во Белград од првиот ден! Уште во 2016 година беше најавено дека Хард Рок Кафе ќе биде отворен на Обилиќевска венец, но поради проблеми со просторот и сопственоста, плановите беа запрени, пренесува bizlife.

Сè уште не е познато каде ќе се наоѓа Хард Рок Кафе, но се очекува дека оваа информација наскоро ќе биде објавена.

View this post on Instagram

A post shared by ROCK N ROLL portal (@rocknroll.rs)

Што е Хард Рок Кафе?

Првото Хард Рок Кафе е отворено во 1971 година во Лондон, а оттогаш се прошири во повеќе од 70 земји, со ресторани и хотели на најатрактивните локации во светот.

Она што го издвојува не е само американската кујна и коктелите, туку и легендарната колекција на гитари, костими и предмети од најголемите светски ѕвезди како што се Елвис Присли, Џими Хендрикс, Мадона, па сè до современи изведувачи. Секое Хард Рок Кафе има свој уникатен печат, но и дел од глобалната приказна што ја слави рокенрол културата.

Покрај храната и пијалоците, Хард Рок е познат и по концертите во живо и атмосферата што ја комбинира енергијата на концертот со пријателството на ресторанот. Препознатлив е и нивниот „мерч“, маички, дуксери и сувенири со логото на градот каде што се наоѓа кафулето, што колекционерите и туристите го обожаваат.

Извор: ФАКТОР