Беше најдебелото момче на светот: Погледнете како изгледа сега со 108 килограми помалку
Порано беше најдебелото момче
на светот, сега е симбол на надеж
Арја Пермана (14), од Индонезија кој тежел 190 килограми пред четири години и е прогласен за најдебелото дете во светот, досега успеа да изгуби 108 килограми. Благодарение на операцијата за намалување на желудникот и редовното вежбање, Арја сега е 82 килограми и сака уште да слабее.
Личниот тренер на момчето, бодибилдер Аде Рај (49) објави фотографии и
видеа од Арја од времето кога го запознал и сега, за да му покаже на светот
како момчето напредува.
- Кога го запознав во 2016 година, тој имаше десет години, висок 147 цм и тежеше
дури 190 килограми. Тој сега тежи 82 килограми - гордо изјави Аде за весникот „Jakarta post“. И додаде дека Арја редовно вежба со него, а благодарение на тоа, изгледа непрепознатливо од пред четири години.
- Му давам целосна поддршка. Тоа е најмногу што му треба. И неговите родители го поддржуваат на секој начин за да може да издржи да јаде здраво и да не јаде премногу “ - раскажа Аде, и истакна дека сега стана симбол на надеж.
„Секој кој има проблеми со телесната тежина сега вели: Ако Арја можел да ослабее, зошто не и јас “, рече Аде.
Неговиот татко, Аде Сомантри, е задоволен од напредокот на синот.
- Операција на желудникот, помош од лекар, строго почитување на диетата и
секојдневно вежбање му помогнаа на мојот син да изгуби огромна тежина. Новиот
начин на живот му годи - рече таткото на Арја.
Патем, Арја е роден со нормална тежина од 3,6 килограми. Тој не бил дебел сè додека не наполнил осум години. Според неговите родители, тогаш се случил пресврт, па му се зголемил апетитот и тој почнал да јаде ненормално многу. За само две години, до 2016 година, тој качил 100 килограми.
Откако медиумите пишуваа за него, нарекувајќи го „најдебелото дете на светот“, индонезиските власти се ангажираа да му помогнат. Операцијата на желудникот на Арја е платена од државата, како и тим на експерти, кои продолжуваат да го следат напредокот на момчето во губење на тежината.