Беше наречен „Двоглавото момче од Бенгал“: Приказна за првиот снимен случај на редок вид паразитски близнак
На крајот на 18 век, во Бенгал се родило необично момче, за кое некои мислеле дека е реинкарнација
Во 1783 година, во едно зафрлено село во Бенгал, се родило момче со две глави - од кои едната растела наопаку врз другата. Ретката состојба е позната како craniopagus parasiticus и е документирана во 2 или 3 случаи на секои 5 милиони раѓања. Но, она што е најнеобично во целата приказна е дека споменатото момче е единствената позната личност од тој период што успеала да живее по раѓањето.
Лудилото за реинкарнација владее
Приказните велат дека бабицата била згрозена од глетката и момчето го фрлила во оган. Детето било спасено, но бидејќи родителите виделе дека интересот за него расте, решиле да се преселат во Калкута и таму да им наплаќаат на луѓето да го видат или допрат.
Ако се земе предвид дека во Индија вакви и слични случаи обично се сметаат за реинкарнации на богови, тогаш не е чудно што популарноста на момчето чие име не е зачувано брзо порасналадо тој степен што некои луѓе им понудиле да го купат. .
Меѓутоа, откако го каснала кобра, момчето умрело на 4-годишна возраст, а и покрај понудите да го купат телото за изложување и учење, родителите одлучуиле да го закопаат. Сепак, тоа не ги спречило собирачите на куриозитети да го откопаат и неговото тело стигна до британскиот хирург д-р Хоуп.
Она што докторот го открил при проучувањето на трупот е дека секоја глава има свој мозок. Со тоа што и другата глава имала врат во кој имало остатоци од она што требало да се развие во органи.
Заинтригиран од ова откритие, тој решил да ги испита луѓето кои имале можност да го видат во живо и открил дека втората глава реагирала независно од првата, па дури и спиела во различни временски интервали.
Во 1790 година беше објавена студија, која на светот му го откри првиот случај на малформација позната денес како craniopagus parasiticus. Како доказ, главата била изложена, а и денес може да се види во музејот Хантери во Глазгов.
Што е craniopagus parasiticus?
Лаички кажано, тоа е неуспешното раздвојување на ембрионите, кои требало да станат близнаци. Бидејќи процесот на поделба на јајце клетката не бил завршен, една од нив успеала да ја развие само главата која останала прикачена на „домаќинот“.
Првиот регистриран случај на дете кое не било мртво родено или живеело повеќе од неколку часа било момче од Бенгал, додека други случаи биле забележани во 21 век. Иако во некои случаи лекарите успеале да ги отстранат „паразитските“ глави, ниту едно дете не успеало да преживее подолго од две години.
Фото: Профимедиа/Фејсбук
Извор: