Беше синоним за вистински маж: Згодниот Италијанец ги растажи своите обожавателки и призна дека лажел

Уште откако Мороне ја закачи фотографијата во прегратките на неговиот колега Симоне, обвинувањата дека актерот е всушност геј не престануваат.

Пред само неколку месеци се кршеа копја околу двајцата Италијанци - од едната страна беше Микеле Мороне, од друга страна светската сензација Дамиано Давид. Европа беше поделена на два табора и обете страни изнесоа силни аргументи за тоа како треба да изгледа „вистински маж“.

Сепак, по последните фотографии на мрежите, се повеќе дами се убедени дека, како што велат, „изгубиле ушт еден“.

Микеле, кој се прослави со улогата во италијанско-полскиот филм „365 дена“, на својот Инстаграм често поставува фотографии без облека, а сега ги разгори гласините дека е хомосексуалец. Имено, пред некое време Микел позираше во рацете на неговиот колега Симоне Сусина кој во гореспоменатиот филм го игра неговиот непријател.

- Јас сум лажго - напиша Мороне во описот на фотографијата, која наскоро собра скоро 3 милиони лајкови, но и бројни негативни реакции од фановите на Микел.

Во коментарите, честопати се поставуваше прашањето дали актерот всушност одлучил „да излезе од плакарот“ .Сепак, згодниот актер, кој често беше на списоците на најзгодните мажи, набргу се сврте кон гласините за неговата сексуална ориентација.

- Симоне и јас станавме многу добри пријатели, ние сме браќа. Заедно правиме филм. Луѓе, тоа е само фотографија, ништо повеќе - напиша Мороне на својот Инстаграм профил.

- Ја поддржувам ЛГБТ заедницата, но ние направивме само најнормални фотографии. Не реков дека сум хомосексуалец - објасни Италијанецот и додаде дека сите глумци биле лажговци на некој начин. Сепак, многумина не беа убедени во кажаното, а црвот на сомнеж секако беше посеан.

Без разлика дали е хомосексуалец или не, веќе не е важно, сексуалната ориентација е индивидуална работа, а од самиот Мороне зависи дали и кога ќе признае дали навистина сака мажи, и тоа е сосема во ред. 

извор:wanted.mondo.rs