Бил спасен во кутија од портокали: Работи кои не сте ги знаеле за принцот Филип

Принцот Филип, сопруг на британската кралица Елизабета, почина на 99 години.

Филип се ожени со принцезата Елизабета во ноември 1947 година, пет години пред да стане кралица. Поранешниот поморски офицер беше најдолговечен сопруг на кој било британски монарх и беше во таа улога повеќе од 73 години.

Подолу можете да видите неколку интересни факти за принцот Филип кои ја илустрираат неговата цврстина, дух и палава природа.


Тој бил спасен во кутија од портокали

Кога неговиот чичко, кралот Константин од Грција, бил принуден да абдицира во 1922 година, тогаш Филип, кој имал 18 месеци, бил пренесен на безбедно во кутија со овошје. Импровизираното креветче, направено од кутија за портокали, се натовари на британскиот воен брод што го спаси семејството на Филип, грчкиот принц Ендру, мајката принцеза Алис и четирите сестри.


Неговиот скок ја воодушеви кралицата

Не толку русата коса и сините очи на Филип ја импресионираа принцезата Елизабета во 1939 година кога се сретнаа на неговиот поморски колеџ во Англија. Наместо тоа, тогашната 13-годишна кралица беше воодушевена од начинот на кој петгодишен грчки принц прескокна преку тениска мрежа за да и понуди лимонада и колачиња.


Тој ја викаше кралицата „Зелка“

Непоправлив шегаџија, војводата од Единбург постојано ја забавуваше својата сопруга. Неговите прекари за кралицата Елизабета биле „Колбасица“ и „Зелка“. Дури и за време на церемонијата на крунисување на Елизабета во палатата Вестминстер во 1953 година, тој ја искористи можноста да се пошегува.

„Од каде ја доби таа капа?“, се шегуваше додека таа ја балансираше златна круна од пет килограми  на главата. 

Застана покрај принцот Вилијам и Хари

Во пресрет на погребот на принцезата Дајана во 1997 година, тој почувствува вознемиреност кај неговите внуци принцот Вилијам и принцот Хари, кои тогаш имаа 15 и 12 години. Почувствува дека подоцна ќе жали ако не застанат зад кочијата на која се наоѓаше ковчегот на неговата мајка.

„Ако одите, јас ќе одам со вас“, рече тој, предлагајќи да биде со нив. Светот со тага гледаше како браќата ја прифаќаат неговата понуда.


Фото: Инстгарам и Твитер