Бесплатно ноќевање во луксузен хотел на Ибица: Постои еден услов, на кој не би се согласил секој
Токму во оваа соба неодамна престојуваше Тиктокерката Олимпија Енли, а своето искуство го објави на таа социјална мрежа
Во хотелот Парадизо Арт на Ибица има хотелска соба која им се нуди на гостите за едно ноќевање бесплатно, но не е за секого. Се вика Zero Suit, а финтата е што ѕидовите се направени од проѕирно стакло, додека собата се наоѓа во фоајето на хотелот.
Со други зборови, бесплатна е, но не е за срамежливите, со оглед на тоа што секој што ќе влезе во лобито на хотелот може да види се што се случува во собата.
„Соба со стаклени ѕидови во средината на фоајето на Парадизо Арт Хотелот, каде што можете да поминете една ноќ бесплатно. Не е за срамежливите. Достапна е и за уметнички перформанси, радио емисии, диџејски сетови... можностите се бесконечни, сè додека се согласувате да бидете во центарот на вниманието“, стои на веб-страницата на хотелот, каде што е претставена бесплатната соба.
Токму во оваа соба неодамна престојуваше Тиктокерка Олимпија Енли, а своето искуство го објави на таа социјална мрежа.
Како што може да се види од краткото видео што го објави, имаше многу љубопитни погледи од гостите на хотелот, кои гледаа низ стаклото, но таа појасни и дека (за среќа) бањата била „нормална“, т.е. без проѕирни ѕидови.