Бев студентка, а поради пари станав проститутка: Ми го стави ова во рака, оттогаш немаше враќање назад

Мев Мун за време на студиите се занимавала со проституција. Ги зела парите во раце и оттогаш немало враќање назад за неа

Мев Мун од Манчестер долги години се занимавала со проституција. Според нејзините зборови, таа станала зависна од пари, и работела со повеќе клиенти отколку што нејзиното тело можело да поднесе.

Таа сега отворено зборува за тоа, со цел да апелира до другите жени и да предупреди на сите опасности од оваа работа.

Таа тврди дека многу наивно влегла во приказната за проституција, со тоа што прво била спонзор.

„Патував со еден од моите спонзори во Америка. Набрзо влегов во проституција, игнорирајќи ги сите здравствени предупредувачки знаци“, рече таа.

Мев успеала да се извлече од канџите на проституцијата, а моментално работи на тоа да стане психотерапевт. Таа дури и го отвори својот канал на Јутјуб за да можат што повеќе жени да го слушнат нејзиниот совет.

„Кога првпат почнав, наплаќав 150 фунти на час. Се сеќавам на првиот клиент. Тоа беше само огромна сума пари во мојата рака во тоа време. Се сеќавам дека се вратив во мојот стан во кој живеев со цимерка и само ги гледав и галев тие пари“, вели Мев, која тогаш била студентка.

„150 фунти не се ништо, ништо. Меѓутоа, кога цел живот работиш за кикирики, 150 фунти изгледаат како огромна работа. Ме привлекоа парите и набрзо се "навлеков" на тој приход", додала таа.

Истакнува дека парите и станале послатки, и дека сакала да заработи што повеќе. Водена од оваа желба, Мев прифатила повеќе клиенти отколку што нејзиното тело можело да поднесе.

Поради големиот обем на работа, нејзиното здравје почнало значително да се влошува.

„Станував се послаба и послаба, мојата самодоверба исчезнуваше и им дозволував на луѓето да ми прават погрди и полоши работи“, вели таа. 

Мев открила дека била толку заслепена од профитот што дозволила странците да прават што сакаат со нејзиното тело.

„Опасно е да дозволиш странци да го изнајмуваат твоето тело и да прават што сакаат со него. Многу клиенти станаа насилни, а тие самите себе и мене ми го оправдуваа тоа со тоа што „барем нема да бидат насилни кон другите жени. Јас, пак, бев навлечена на тие приходи. Работев секој ден, без пауза“, тврди Мев.

Како што оваа сурова работа се‘ повеќе земала замав, Мев станала зависник од наркотици и тонела се подлабоко и подлабоко.

„На крајот на 2019 година се најдов во ужасна ситуација - имав воспаление на карлицата, имав труење со бакар и бев зависна од опијати. Неизмерно го мразев својот живот во мојот луксузен стан во центарот на Лондон“, рече таа.

После сите несреќи кои ја снашле поради оваа работа, Мев решила да замине во духовно одморалиште каде се заколнала дека повеќе нема да се занимава со проституција.

Таа отвори канал на Јутјуб и целосно се посвети на оваа тема, решавајќи да го искористи нејзиниот пример за да влијае на свеста на другите жени.

„Од лично искуство знам дека младите влегуваат во проституција за пари. Ако размислувате за ова, запрашајте се - ако парите не беа проблем, дали сè уште ќе го работевте ова? Знам дека оваа логика може да се примени на повеќето работни места, но имајте на ум дека повеќето работни места не ве уништуваат на физички и на емоционален план секој ден“, рече Мев.

„Проститутка, спонзоруша, наречете го како што сакате - замислете да го работите тоа секој ден. Колку непознати луѓе, непознати енергии, со кои ја делите душата и телото. После таквите искуства, сосема е можно да доживеете посттрауматски стрес, разделување, страв од блискост, страв од луѓе. Вашето тело е бесценето и единствениот пријател што го имате за цел живот. Се разбира дека не би го направиле тоа?“, заклучила таа.


Фото: Инстаграм