Без двоумење: Лебарката крстете ја по името на вашата поранешна партнерка
Постојат многу начини
да се изјави љубов, но и да се направи „Денот на вљубените“
доста одвратен за некои поранешшни кои не оставиле
на цедило ...
„Центарот за заштита на Хемсли“ им дава шанса на луѓето да изберат име и да ја крстат својата лебарка како што сакаат, за само два долари. Името потоа ќе биде претставено на изложба, така што секогаш е можно да и се вратите на поранешната сакана во верзија на инсект и да ја поздравите, во живо или преку Интернет.
Секој што ќе се реши на ваков потег, ќе добие подарок сертификат наменет за чување, но името на лицето кое платило два долари за тоа, нема да стои на него бидејќи оваа институција не сака да разгори пожари. Сепак, додавањето име е овозможено преку делот за коментари на самиот сертификат. Од друга страна, оваа иновативна програма овозможува именување на лебарки со име на партнери.
Како што изјавија официјални лица од „Центарот за заштита на Хемсли“: - Овде нудиме шанса да именувате лебарка во чест на некоја поранешна љубов на ваш пријател за време на празникот на љубовта „Свети Валентин“. Нашиот систем ги истакнува овие суштества преку нашата „name a cockroach“ програма дизајнирана да собере пари за нашиот зоолошки проект. Усвојувањето на овие инсекти не доаѓа како опција, затоа што е малку невкусно да понудите такво нешто, особено ако се земе предвид дека тоа е бившата на вашиот пријател“.
Фото: muskimagazin.rs
Можеби ќе ве интересира: